„Лицемерен западу, прво се извинувате, па потоа држите лекции“

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одржа експлозивна прес-конференција пред почетокот на Светското првенство во Катар и рече дека е лицемерно европските земји да зборуваат за човековите права во Катар.

Упатени се бројни критики, пред се поради смртта на печалбарите за време на подготовките за Светското првенство, но и за односот кон ЛГБТ популацијата.

„Едностраната морална лекција на Западот е лицемерна. Се прашувам зошто никој не го препознава напредокот што е направен овде од 2016 година. Не ми е лесно да добијам критики за одлука која е донесена пред 12 години. Катар е подготвен, ова ќе биде најдоброто Светско првенство во историјата. Не мора да го бранам Катар, тие можат да се бранат, јас го бранам фудбалот. Се разбира, јас не сум Катар, Арап, Африканец, геј, работник мигрант или инвалид, но се чувствувам како нив затоа што знам што значи да се биде дискриминиран како странец во странска земја – јас бев дете на печалбари, моите родители работеа во тешки услови“, изјави Инфантино.

Се вчитува...