Дел од ривалите од Англија, но и од останaтите големи лиги се љубоморни на нашиот успех и оттаму потекнуваат жестоките напади на нашиот клуб, смета претседателот на Манчестер Сити, Калдон Ал Мубарак. Во годишното обраќање по завршувањето на сезоната, покрај за постигнувањата на клубот, тој зборува и за конукрентите од Премиер-лигата, но и за нападите од претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
„Сметам дека кога имате ваков успех кај конкуренцијата има завист. Но, ова е клуб кој е добро воден. Другите клубови носеа спорни одлуки. Ние добиваме критики за трошењето, но ние не го купивме најскапиот играч во лигата (Погба), ниту најскапиот голман (Кепа), ниту најскапиот напаѓач (Лукаку). Тие ноеса одлуки со кои треба да живеат“ – вели сопственикот на Сити.
Ал Мубарак ги отфрла тврдењата за прекршување на Финансискиот фер-плеј како и на обвинувањата дека Манчестер Сити и Пари Сен Жермен се „играчки“ на шеиците од Абу Даби и треба да бидат исфрлени од Лигата на шампионите.
„Ваквата изјава е лицемерна и во неа има голема иронија. Па каде се случија трансферите на Фиго и на Зидан“ – прашува Ал Мубарак.
Манчестер Сити направи историја во Англија освојувајќи ја тројната круна, но се соочува со истрага од УЕФА и можност да биде исфрлен од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА