Литванскиот судија Манфредас Лукјанчукас ќе ја дели правдата на првиот натпревар на Македонија од новата сезона во Лигата на нациите против Фарските острови во сабота (7. септември) во Торшавн.
На 31-годишниот Литванец, кој важи за еден од најдобрите млади судии во Европа, ќе му помагаат сонародниците Мангирдас Мираускас и Александрас Степановас, а четврти судија ќе биде Вилиус Пауласкас.
Лукјанчукас ова лето ги судеше и европските натпревари Рапид – Трабзонспор и Марибор – Ѓургарден.
Натпреварот меѓу Фарските острови и Македонија во Торшавн на 7. септември се игра со почеток од 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА