Литванскиот репрезентативец Рокас Јокубаитис се очекува ова лето да замине од редовите на Макаби Тел Авив поради стресот кој го доживеал со семејството по нападот на Иран.
И покрај тоа што има уште две години од договорот Литванецот не сака повторно да го изложува своето семејство под стрес па се очекува раскин на договорот. Тоа го потврди и самиот во изјава за литванските медиуми.
„Ќе видиме што ќе се случи во следните денови. Тоа е како јавна тајна. Можеби уште утре ќе има нови вести“, изјави Јокубаитис.
И покрај тоа што се споменува враќање во Литванија и нов настап за Жалгирис, поверојатна е опцијата дека следната дестинација за 24-годишникот се очекува да биде Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

