Литванија без капитенот во олимписките квалификации

Литванија ќе биде сериозно ослабена на претстојниот квалификациски турнир за пласман на ОИ во Париз откако капитенот на репрезентацијата, Јонас Валанчиунас, беше принуден да го откаже своето учество.

Одличниот центар досега редовно учествуваше на сите големи собири за својата репрезентација, но фактот дека е слободен агент во НБА-лигата, а преодниот рок почнува на 6 јули би значело прекршување на правилата.

„Јонас навистина сака да игра, ние се понудивме да го платиме и осигурувањето, тоа не беше проблем. Правилата на НБА велат дека тој мора да биде здрав на почетокот од месец јули за да потпише договор со клубот, а никој не може да го гарантира тоа ако настапува за репрезентацијата од 2 до 7 јули“, објасни Генералниот секретар на Литванската Кошаркарска Федерација, Миндаугас Балциунас.

Литванија ќе биде дел од олимпискиот турнир што ќе се одржува во Порторико. Во групната фаза Литванците се фаворити во пресметките со Мексико и со Брегот на Слоновата коска, но вистинските предизвици следат во нокаут-рундата против најдобриот селекции од групата Б каде се наоѓаат Италија, Бахреин и домаќинот Порторико.

Се вчитува...