Литванија добива НБА засилување?

Литванија е една од ретките европски кошаркарски репрезенцаии која се уште нема натурализирано репрезентативец. Тоа наскоро би можело да се промени, објавија медиумите во оваа балтична држава.

Имено, заинтересиран за добивање на литвански пасош и настап за оваа репрезентација на Лените олимпикси игри во 2028 година е кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Диенџело Расел.

Вториот пик на драфтот во 2015 година оваа желба веќе ја проследил и до литванската кошаркарка федерација. Со оваа држава го поврзува неговата сопруга, манекенката Лаура Иваниукас со која има две деца.

Се вчитува...