Литванија триумфираше против Велика Британија на отворањето на Евробаскетот 2025. Балтичката селекција ја оправда својата улога како фаворит во првото коло триумфирајќи со 94-70 (23-15, 18-18, 24-17, 29-20).
Велика Британија даде се од себе, ослабена без Гејб Оласени, кој има повреда на грбот, но Литванците беа супериорни во рекетот, и на тој начин го отворија патот до победата. Покажаа одлична игра во транзицијата, на која Велика Британија немаше одговор во ниту еден момент.
Веќе во текот на првиот дел, Литванија успеа да се одлепи на безбедно растојание, иако комплетно се одлепи веќе во третиот период од играта.
Најефикасен во балтичката селекција беше Јонас Валанчиунас со 18 поени, по него следуваа Тубелис со 15, а Јокубаитис и Нормантас со по 12 поени. На другата страна се истакна Јебоа со 17 поени, а Филип и Хесон постигнаа двоцифрен број поени – по 10.
🔁 ON REPEAT 🔁
This Jokubaitis – Valanciunas connection is AUTOMATIC! #EuroBasket pic.twitter.com/p5fQirtxF7
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 27, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

