Литванија и Грција тргнаа моќно на СП во Кина

Литванија и Грција лесно ги оправдаа фаворитските улоги на стартот од светскиот шампионат, забележувајќи убедливи победи на своите премиерни натпревари во Кина.

Литванците за ривал го имаа Сенегал, декласирајќи го со огромни 54 поени разлика (101-47). Сите четири четвртини завршија со двоцифрен ефект во корист на литванскиот национален тим, а најефикасни беа Сабонис, Калниетис и Валанчиунас со по 13 постигнати поени.

Црна Гора не успеа посериозно да му се спротивстави на грчкиот состав, кој го отвори овој Мундобаскет со преубедлива победа од 85-60. Грците одиграа неверојатно прво полувреме во кое поведоа со 42-16, а удобната предност му овозможи на селекторот да ги одмори главните кошаркари во вториот дел. Јанис Адетокумбо одигра само 16 минути, период во кој реализираше 10 поени и 7 скокови. Најефикасен кај Грците беше Принтезис со 16 поени, додека прв стрелец на Црна Гора на денешниот меч беше Вучевиќ со 12 поени.

Се вчитува...