Литванија ја доби балтичката пресметка и влезе меѓу најдобрите осум на Евробаскетот

 Литванија се пласираше во четвртфиналето на Евробаскетот, откако го совлада домаќинот Летонија во Рига со 88-79 во третиот натпревар во 1/8 финалните пресметки.

Летонците се „разбудија“ дури на крајот од мечот, но кога веќе беше предоцна да се стигне предноста на Литванците, која ја градеа уште од првата четвртина, која ја добија со 28-18. На полувреме заминаа со +10, а потоа ја зголемија и на +12, со која влегоа во последниот период.

Цело време Литванија држеше дистанца со резултатот, но во еден миг Летонија се доближи на четири поени разлика (81-77), меѓутоа беа присебни во финишот и успеаја да ја задржат предноста.

Се вчитува...