Казис Максвитис повеќе не е селектор на литванската кошаркарска репрезентација.
Тој поднесе оставка откако неговиот тим не успеа да се квалификува за Олимписките игри во Париз на квалификацискиот турнир во Порторико.
Тој седна на клупата на Литванија во септември 2021 година. Во тој период беше 15. на Евробаскет 2022, додека на Светското првенство лани го освои шестото место. Имаше вкупно 20 победи и осум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

