Литванско чудо: Девет поени за 10 секунди – Победа како на филм! (ВИДЕО)

Литванија ја победија Велика Британија со 89-88 во квалификациите за Светското првенство во 2027 година. Се случи чудо во првото коло од квалификациите за Мундобаскет.

На 10 секунди пред крајот на натпреварот, Литванците губеа со 80-87 и во тој мал временски интервал успеаја да постигнат 9 поени, и да ја победат Велика Британија!

Гнас Саргиунас, кошаркар на Ритас (поранешен студент на Џорџија и Колорадо Стејт), го започна овој спектакуларен настап во финишот најпрво со тројката за 83-87.

Акваси Јебоа беше брзо фаулиран и им направи голема услуга на Литванците погодувајќи само едно слободно фрлање за 83-88.

Саргиунас повторно ја зема топката и сè става во свои раце, погодувајќи тројка за 86-88 на 3,5 секунди пред крајот, по што следеше лоша изведба на Британците што резултираше со лабава топка. Времето истекуваше, а Саргиунас реши да биде херој и погоди уште една тројка за… победа! 89-88 на неверојатно чудесен начин!

Се вчитува...