Латвиските судии Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис ќе ја делат правдатата на денешниот осминафинален натпревар против селекцијата на Норвешка. Македонија нема премногу среќа со арбитрите на овој мундијал, но откако литванските судии имаа бројни грешки на дуелот со Шпанија, а Аргентинците се избламираа на мечот со Исланд, за очекување и ИХФ сега да се реши за посериозни двојки кои ќе овозможат 50-50 судење за двете репрезентации.
Лицис и Сондорс судеа уште на Олимписките Игри во Пекинг во 2008 година, а во меѓувреме ја делеа правдата и на неколку европски и на светски шампионати.
На овој мундијал Летонците ја делеа правдата на натпреварите од групата Ц во Руен, при што добро си ја завршија работата, без посериозни замерки на некоја од селекциите чии средби ги судеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА