Откриени детали: Нанели има „краток фитиљ“ – му удрил шлаканица на кошаркар на Олимпијакос, им се заканувал на новинари!

Бурното заминување на Џејмс Нанели од Партизан предизвика лавина на реакции во кошаркарската јавност. Откако клубот соопшти дека тој нема да биде дел од „црно-белиот“ ростер во новата сезона, а претседателот Остоја Мијаиловиќ откри дека оваа одлука доаѓа поради физичката пресметка со кошаркарот на Црвена Звезда, Стефан Лазаревиќ, се огласи и самиот Американец говорејќи за „двојни стандарди“.

Искусниот кошаркар изјави дека не добивал навремена плата во последните две години што беше повод за дополнително истражување на случајот.

Специјализираниот литвански сајт за кошарка, „Баскет Њуз“, повикувајќи се на свои извори открива дека конфликтот на Нанели со Лазаревиќ не била единствената физичка пресметка за Американецот минатата сезона. Тој бил вкучен во „барем уште една физичка пресметка“ откако емоциите го превладале на еден натпревар од Евролигата.

Српските медиуми пренесуваат дека се работи за меч против Олимпијакос во Евролигата кога Нанели му удрил шлаканица на Јанулис Ларенѕакис во подтрибинскиот простор.

Нанели последните две сезони беше дел од Партизан, а во минатото ги бранеше боите и на Кавала, Естудијантес, Фенербахче, Милано, Макаби Тел Авив меѓу останатите. Сега 34-годишникот помина дел од кариерата и во НБА лигата настапувајќи за Атланта, Филаделфија, Хјустон и Њу Орлеанс.

Се вчитува...