Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ пристигна во Фенербахче од Динамо Загреб пред две години за речиси седум милиони евра, но сега веќе се кае.
Во првата сезона, хрватскиот голман беше стандарден на голот на турскиот клуб, но со доаѓањето на Жозе Мурињо, таа ситуација се промени. Ливаковиќ не покажа премногу минатата сезона, поради што беше јасно дека е на пат да го напушти клубот.
Иако неколку клубови се распрашуваа за услугите на хрватскиот голман, договор сè уште не е постигнат, па Ливаковиќ сè уште е член на Фенербахче иако новата сезона веќе започна. Тој се надеваше и дека Мурињо ќе може да се предомисли и конечно да му даде шанса да се докаже, но синоќа Фенербахче му испрати порака дека нема враќање назад.
Новинарот Ертан Сузгун објави дека челниците на турскиот клуб го контактирале Ливаковиќ и дека искрено му признале дека треба да почне да бара клуб и дека кога ќе најде било каква опција, ќе го пуштат без размислување.
Се шпекулира дека Фенер е дури и подготвен да го раскине договорот со Хрватот на своја штета, само за тој на крајот да си замине.
Fenerbahçe, Dominik Livakovic’ten kendisine kulüp bulmasını istedi. (Ertan Süzgün) pic.twitter.com/5CethneBDK
— BPT Spor (@sportbpt) August 19, 2025
Ливаковиќ се поврзува и со можно враќање во Динамо, и нема сомнение дека тоа е неговата најголема желба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

