Ливаковиќ доби нови лоши вести од тренерот на Џирона

Доминик Ливаковиќ, хрватскиот репрезентативен голман е се поблиску до заминување од Џирона и враќање во Динамо Загреб, клубот за кој настапуваше со успех пред да се пресели во Фенербахче.

За 31-годишникот Хрват нема место во Џирона, оваа полусезона воопшто не забележа и настап, а се чини дека и така ќе остане до неговото враќање во Загреб судејќи по зборовите на неговиот тренер Мичел.

„Ливаковиќ се врати по празниците и ќе биде дел од составот. Вистина е дека тој и понатаму мисли дека треба да си замине, исто како и ние. Но, мораме да сочекаме бидејќи нема решение за неговата ситуација. Не од наша страна, туку од страна на другите клубови. Ќе биде дел од тимот во сабота, но не е подготвен да игра за нас. Тоа е реалноста“, изјави Мичел.

Се вчитува...