Ливаковиќ добива смртни закани: „Ќе те најдам и ќе те убијам…Спиј со отворени очи“ (ВИДЕО)

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, сосема неочекувано, доби смртни закани преку социјалните мрежи, откако на синоќешниот натпревар меѓу Полска и Хрватска (3-3) во Лигата на нации жестоко стартуваше над првата ѕвезда на Полјаците, Роберт Левандовски.

Ливаковиќ беше исклучен во 76. минута, откако невнимателно го удри Левандовски во коленото што може да доведе и до крај на кариерата на Левандовски. Хрватот веднаш се најде на удар на полските медиуми а потоа доби и жестоки напади од полските навивачи. Притоа добивајќи и директна смртна закана.

„Ливаковиќ, деновите ти се избројани! Бескорисен кучкин сине! Ќе те барам, ќе те најдам и ќе те убијам, спиј со отворени очи“ – се вели во една од пораките кон хрватскиот голман.

Имаше и бројни други вербални напади…

„Ливаковиќ, кучко без достоинство, за малку ќе го убиеше полскиот напаѓач. Тоа не беше нормално влегување, туку напад. Да беше ова вистинската Полска, немаше да ја напуштиш земјата, ќе те однесеа во затвор директно од стадионот“ – беше еден од коментарите на Твитер.

Се вчитува...