Ливаковиќ го договори трансферот во Фенербахче за плата од еден милион евра годишно

Голманот на Динамо Загреб и хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ својата кариера ја продолжува во Фенербахче, тврди турскиот „343 дигитал“.

Трансферот е веќе договорен а се очекува уште прецизирање на деталите меѓу двата тима за официјализација на преселбата на Ливаковиќ во Истанбул.

„Ливаковиќ, кој има договор со Динамо до јуни 2024 година, и дефинитивно го договори трансферот кој ќе се официјализира деновиве. Во Фенербахче ќе заработува 1.080.000 евра годишно, што е за 300.000 евра повеќе од Динамо Загреб. Фенербахче на Динамо Загреб ќе треба да му плати 10 милиони евра, според отштетната клаузула“ – пренесуваат турските медиуми.

Ливаковиќ во Динамо Загреб е од 2015 година каде освои шест шампионски титули во Хрватска.

Се вчитува...