Никако Хрватска да се соземе по шокот во првиот дел кога Аргентина водеше со 2-0 со головите на Меси и на Алварез, па на почетокот од вториот дел Аргентинците беше поблиску до трет гол, отколку Хрватска да намали.
Невнимателност во одбраната на Хрватска, Меси одкосо од лево шутираше, но Ливаковиќ успеа да одбрани и така да го остави во живот „коцкастите“ во битката за финале на Мундијалот во Катар.
Меси со тоа пропушти можност, барем засега, да стане прв стрелец на Мундијалот и да го надмине Мбапе. Двајцата имаат по пет постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА