Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, за кого нема повеќе место во Фенербахче, е во потрага на нов клуб. Се споменуваше дека за него има интерес од премиерлигашот Нотингем Форест, но Хрватот ја одбил понудата од двократниот европски првак.
Претходно се шпекулираше со негово враќање во Динамо Загреб, меѓутоа веројатно и од тоа нема да излезе ништо.
Сега Ливаковиќ наводно чека понуда од некој поголем клуб. Во минатото се споменуваше дури и Манчестер Јунајтед, кој сака нов голман со оглед дека не е задоволен од она што го поседува во моментов, меѓутоа прашање е дали ќе стигне некогаш понуда од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

