Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ се наоѓа пред заминува од Фенербахче, а голема е веројатноста дека следната дестинација ќе му биде Шпанија со оглед на официјалната понуда која е добиена од Севилја.
Деталите остануваат непознати за јавноста, но се шпекулира со трансфер вреден од околку 10 милиони евра, сума која е прифатлива за турскиот тим кој бара ново решение на голманската позиција и покрај договорот со Хрватот до 2028 година.
Ливаковиќ е дел од Фенербахче од 2023 година каде пристигна од Динамо Загреб во трансфер вреден 6.7 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

