Ливаковиќ се мачи да најде клуб: Го одбиле Монако, Милан и Севилја, но…

Фенербахче веќе подолго време се обидува да се ослободи од услугите на хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, но според турските медиуми негов ангажман одбиле повеќе европски клубови меѓу кои и Монако Милан и Севилја.

Решението сепак се очекува да стигне наскоро и тоа од страна на италијанскиот прволигаш Фиорентина која сака да ја засили голманската позиција на која прв избор е шпанскиот чувар на мрежата Давид де Хеа.

Ливаковиќ во Фенербахче пристигна во летото 2023 година во трансфер од Динамо Загреб. Долго беше прва опција за турскиот клуб, но поради честите повреди во последната сезона го загуби првотимското место.

 

Се вчитува...