Ливаковиќ заминува од Џирона, раскинува со Фенербахче и се враќа во Динамо

Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ, во јануари ќе преземе драстичен потег со кој спектакуларно ќе се врати во Загреб, во дресот на Динамо.

Откако Фенербахче го донесе Едерсон во своите редови, јасно беше дека за Хрватот ќе нема место, па го испрати на позајмица во шпанска Џирона. Меѓутоа, ниту таму не се наигра, е во втор план, па така сега планира да направи драстичен потег.

Тој ќе си замине од Џирона, ќе ја прекине позајмицата и практично ќе биде дел од Фенербахче. Но, тој е уверен да го раскине договорот и со турскиот гигант, па затоа ќе биде слободен агент, и како таков ќе нема никакви пречки да се врати во Динамо, неговиот поранешен клуб каде што имаше фантастични партии.

Се вчитува...