Денешниот пораз од Аталанта воедно беше и последен натпревар на Фабио Ливерани на клупата на Парма. Овој стручњак не ги оправда очекувањата на управата, па по четирите порази во низа и слабиот старт на сезоната беше донесена одлука за негова смена.
Информацијата ја потврди самиот Ливерани, кој по дуелот во Бергамо потврди дека го напушта кормилото на Парма.
„Жалам што морам да си заминам. Свесен сум за својата одлука во овие неуспеси, отказот го прифаќам со доза на спокој“, изјави Ливерани.
Во игра за наследник на Ливерани е поранешниот тренер на Парма, Д’Аверса, како и португалскиот стратег Пауло Соуса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

