Ливерпул бара 150 милиони евра за Кутињо

Шпанскиот гигант Барселона е сериозно заинтересиран за ангажман на Фелипе Кутињо, бразилскиот интернационалец од редовите на Ливерпул. Но, раководството на англискиот премиерлигаш нема така лесно да се откаже од неговите услуги, напротив, сака да го задржи на „Енфилд роуд“.

Ливерпул глатко ја одби понудата на Барселона вредна 80 милиони евра, истакнувајќи дека не сака ниту да размислува за продажба на еден од своите најдобри фудбалери за сума под 150 милиони евра. А тоа би бил и нов светски рекорд, доколку не се остварат трансферите на Нејмар и на Мбапе, за кои се наддаваат енормни суми.

По овој став на „црвените“, прашање е дали Барселона ќе го продолжи својот интерес за Бразилецот Кутињо.

 

Се вчитува...