Во обидот да ја спаси катастрофалната сезона, Ливерпул во зимскиот преоден рок има намера да ја засили одбраната. Затоа наводно „црвените“ испратиле понуда од 38 милиони фунти за дефанзивецот на Галатасарај, Вилфред Синго.
Синго има договор до 2030 година, а наводно во неговиот договор има клаузула која вклучува сума од 52 милиони фунти, но клубот од Истанбул може малку да попушти.
Почетните разговори се веќе во тек, а изворите тврдат дека првите реакции се позитивни. Галатасарај ја прифатил понудата, а во исто време и самиот фудбалер изразил желба да оди во англискиот гигант. Турските медиуми потенцираат дека Ливерпул веќе неколку пати контактирал со агентите на синго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

