Ливерпул без Алисон и Жота во финалето од Комјунити шилд

Ливерпул во првата битка за титула во новата сезона нема да може да смета на услугите на голманот Алисон Бекер и напаѓачот Диого Жота, потврди тренерот Јирген Клоп. Бразилецот и Португалецот поради повреда нема да бидат во комбинација за финалниот натпревар против Манчестер Сити во Комјунити шилд.

Сепак добри вести за Ливерпул е враќањето на бразилскиот голман и португалскиот голгетер за почетокот на новата сезона во Премиерлигата. Тие ги надмина повредите и ќе бидат на теренот против Фулам.

„Нема шанси овие двајца да заиграат против Сити. Двајцата трениераат и ќе биде подготвени за Фулам, но не за викендов“, изјави германскиот стратег.

Натпреварот против Манчестер Сити ќе биде одигран во сабота со почеток од 18 часот.

Се вчитува...