Ливерпул продолжува со големи чекори да граби кон шампионската титула во Премиерлигата, откако денеска ја покажа уште еднаш својата сила, победувајќи го Вест Хем со убедливи 0-5.
Победникот беше решен уште по првиот дел, кога „црвените“ дојдоа до предност од 0-3, а потоа во вториот дел само ја зголемија предноста и убедливата победа.
Луис Диаз во 30. минута од средбата стрелаше, а Гакпо во 40 минута донесе 0-2. Салах продолжува да дава голови, и во 44. минута зголеми на 0-3.
Серијата на голови ја зголеми Александар-Арнолд во 54. минута, за Жота на шест минути пред крајот да стави точка на победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА