Ливерпул без најдобриот стрелец на дербито со Арсенал?

Ливерпул е бранител на титулата во Премиер-лигата, но таа мисија делува невозможно откако „црвените“ по слабите резултати во последните два месеца веќе заостануваат 14 бода зад лидерот Арсенал.

Згора на тоа, Ливерпул во утрешното дерби им гостува токму на „топчиите“, а Арне Слот има огромни проблеми со нападот ако се знае дека Исак е повреден, Салах е на Купот на Африкански нации, додека на повреда се мачи и најдобриот стрелец на тимот, Хуго Екитике.

Французинот поради ситна повреда не настапи на последниот дуел со Фулам, но тој воопшто не тренираше со тимот ниту во претходните два дена, па шансите за настап на „Емирати“ му се сведени на минимум.

„Тој не тренираше со нас… ќе видиме дали ќе може денеска… Пред мечот со Фулам реков дека паузата нема да биде долга и стојам зад тоа, но играме на секои три дена и тоа ни создава проблем“, истакна Арне Слот на денешната прес-конференција.

Се вчитува...