Ливерпул без проблеми на гостувањето кај Лестер

Ливерпул ја запиша 19. победа во Премиерлигата откако во последниот натпревар од 36. коло славеше на гостувањето кај Лестер со 0-3. До победа „црвените“ ги предводеше Џоунс со два брзи голови во 33. и 36. минута, а Александер-Арнолд со фантастичен удар надвор од шестнаесетникот ги реши дилемите за победник во 71. минута.

Со новите три бода Ливерпул сега е на еден бод зад Њукасл и Манчестер Јунајтед на местата кои водат во Лигата на Шампиони следната сезона, но тимот на Клоп има и натпревар повеќе од конкурентите. За разликд од Ливерпул, на Лестер му преостанува тешка битка за опстанок.

Се вчитува...