Ливерпул без седум фудбалери на градското дерби со Евертон

Ливерпул ќе се обиде да ја задржи предноста од седум бода во однос на Арсенал и Челси, но задачата за „црвените“ ќе биде значително отежната ако се знае дека на утрешното градско дерби со Евертон тренерот Арне Слот нема да може да смета дури на седум фудбалери од првиот тим.

Првиот голман Алисон Бекер би требало да се врати пред крајот на годинава, додека камекот на Ибрахим Конате и Конор Бредли е најавен за стартот на 2025 година. Цимикас и Жота веќе извесно време се во аут и нема да можат да настапат на „Гудисон Парк“, Федерико Киеза е блиску до камбек, но се уште не е подготвен за настап за првиот тим, а згора на тоа Аргентинецот Мекалистер поради суспензија нема да може да им помогне на соиграчите на пресметката со Евертон.

„Не е лесно без толку фудбалери, особено во месец со згуснат распоред како што е декември. Сепак, голем дел од повредените веќе извесно време не се со нас, добро се снаоѓавме и верувам дека можеме да продолжиме во ист стил“, прокоментира Арне Слот.

Се вчитува...