Ливерпул без Жота во следните два месеци

Штотуку се врати еден фудбалер, се повреди друг. Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп и натаму мака мачи со повредите на своите фудбалери.

Се врати Мохамед Салах, а сега ќе паузира Диого Жота. Португалецот се повреди на натпреварот со Брентфорд, и беше изнесен на носилки.

Ливерпул соопшти дека Жота имал оштетување на лигаментите на левото колено, и ќе мора да паузира во следните две месеци. Се стравуваше дури и од кинење на лигаментите и подолга пауза, но во оаа ситуација португалскиот офанзивен играч добро мина.

Се вчитува...