Ливерпул, брзо го заборави неочекуваниот пораз од Црвена Звезда во Лигата на шампионите, стигнувајќи до рутинска победа од 2-0 во 12. коло од Премиер лигата против Фулам. На тој начин тимот на Јирген Клоп се проби, барем за момент, на лидерската позиција во најсилниот шампионат на Англија.
„Црвените“ триумфот го најавија во 41. минута со погодокот на Мохамед Салах.
За мирен финиш и без проблеми нови три бода се погрижи Џердан Шаќири кој погоди во 53. минута за конечни 2-0.
По оваа победа Ливерпул сега со 30 бода е на чело на табелата, еден повеќе од Манчестер сити кој денеска ја очекува дерби пресметката со Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА