Дарвин Нуњез, по двеипол години, би можел да го напушти Ливерпул. На Енфилд дојде како големо засилување од Бенфика за 85 милиони евра, но не успеа баш да ја оправда довербата.
Но, сега „црвените“, се чини, би можеле да се ослободат од главоболките поврзани со Нуњез. За неговите услуги на маса имаат понуда од 100 милиони евра, од Ал Хилал од Саудиска Арабија. Очигледно Ливерпул нема да размислува премногу за тоа, а ќе се види каков е ставот на Нуњез за заминување во Арабија.
Во клубот има и човек кого добро го познава. Тренерот Хорхе Жесус, со кого соработуваше во Бенфика, поради што Ал-Хилал се надева дека Нуњез би можел да се согласи да дојде.
Деветката на саудискиот клуб во моментов е во рацете на српскиот напаѓач Александар Митровиќ, кој би можел да си замине. Митровиќ и претходно беше поврзуван со Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА