Тимовите од Саудиска Арабија очигледно не признаваат некој да ги одбие, па така до Ливерпул доставиле нова понуда од 100 милиони евра за египетскиот интернационалец Мохамед Салах.
Ал-Итихад е клубот кој ја нуди оваа сума, со која доколку биде прифатена, ќе биде срушен рекордот за отштета во Саудиска Арабија кој го држи Ал-Хилал кој плати 80 милиони евра за услугите на Нејмар.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не сака да остане без својот играч. Англиските медиуми пишуваат дека наводно им се заканил со оставка доколку биде прифатено Салах да замине од „Енфилд“.
Ал-Итихад летово веќе ги донесе Карим Бензема, Роберто Фирмино и Нголо Канте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА