Ливерпул доби сериозна конкуренција за потпис на посакуваното засилување

Капитенот на Кристал Палас и репрезентативец на Англија, Марк Гуехи летоска веќе беше виден во дресот на Ливерпул, но трансферот пропадна во последен час. Го стопираше менаџерот на Палас, Оливер Гласнер, затоа што клубот не се согласи да му донесе замена.

Гуехи тоа го прифати и продолжи да пружа добри партии во дресот на Кристал Палас, тоа му донесе и место во англиската репрезентација, но сега го чека летото кога му истекува договорот со Палас, и веројатно го чека чекор напред во кариерата.

Иако се претпоставува дека негов следен клуб ќе биде Ливерпул, сепак, сметките може да ги замрси интересот од германскиот гигант Баерн Минхен. Германските медиуми тврдат дека директорот на клубот, Макс Еберл планира да преговара со Палас за потпис на стоперот, и да го убеди дека Минхен е неговата вистинска дестинација.

Интересот ќе се засили во случај Дајот Упамекано, кој е цел на Реал Мадрид, да замине од клубот.

Се вчитува...