Спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз наводно сака да ја исправи грешката што ја направи во последниот преоден рок што не го послуша Арне Слот. Според извештаите, Хјуз е подготвен да го стори тоа уште во јануари, кога ќе му го донесе на Слот посакуваното засилување.
„Црвените“ по феноменалната мината сезона, но во оваа паднаа во криза и заостануваат 10 бода зад лидерот, тимот на Арсенал после 16 натпревари.
И покрај многуте потрошени пари за Вирц и Исак, сега Хјуз сака да го засили средниот ред, каде ќе ја зголеми конкуренцијата. Затоа спортскиот директор е подготвен да го доведе на „Енфилд“ Давиде Фратези од Интер.
Овој играч ќе треба да ги реши проблемите на Ливерпул во средината. Станува збор за класичен играч кој ја држи целата средина. Ливерпул не е сам во трката за потпис на овој играч, туку заинтересирани се и Арсенал, Челси и Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

