Првиот од низата дерби натпревари на фудбалските терени ширум Европа, дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед на „Енфилд роуд“ заврши со најнепопуларниот резултат 0-0.Од ваквиот исход позадоволни можат да бидат гостите, кои тактички одлично се бранеа. Жозе Мурињо ја постави играта за неговиот тим да не прими гол и успеа во тоа, пред се благодарение на Де Хеа кој имаше неколку одлични интервенции. Единствената шанса „ѓаволите“ ја имаа во финишот од првото полувреме преку Лукаку, но неговиот удар беше одбранет од страна на Мињоле.На спротивната страна, Ливерпул имаше над 70% од поседот врз топката, но тоа не им беше од преголема корист на домаќините кои не најдоа начин да ја затресат мрежата на јунајтед. Матип ја имаше најубавата шанса кога Де Хеа го оддбрани наеговиот удар од пет метри, потоа се обидоа и Салах, Кутињо и Фирмино, но гостите одолеаја на налетите на „црвените“ и овој дерби дуел заврши со поделба на бодовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА