Манчестер Сити го освои трофејот во Комјунити шилд откако по изведување на пеналите со вкупни 6-5 беше подобар од Ливерпул.
Манчестер Сити поведе со голот на Рахим Стерлинг во 12. минутата. Веднаш по голот на повреда се пожали Германецот Лирој Сане кој мораше да биде заменет, а на негово место влезе Бразилецот Габриел Жезуз.
Второто полувреме почна неверојатно. Прво стативата ја погоди стрелецот на голот за Сити, Стерлинг, а потоа на двапати во стативата погодуваа и Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах. Следуваше стопроцентна шанса за тимот од „Етихад“. Стерлинг излезе еден на еден со Алисон, но не успеа да се снајде. Казната следуваше во 76. минута кога по одличниот центаршут на Ван Дајк, Жоел Матип најдобро се снајде во петерецот на Клаудио Браво. До крајот на регуларниот дел Ливерпул беше подобар противник, а Клаудио Браво на двапати го спасувваше својот тим. Прво во 83. минута со одлична интервенција го спречи ударот од 16 метри на Наби Кеита, а потоа интервенираше и на обидот на Салах по грешката која ја направија Вокер и Родри. Во 92. минута Салах повторно излезе еден на еден со Браво, но топката од гол-линијата ја извади Вокер. Продолжи навалата на „црвените“, а Клаудио Браво успеа да го одбрани и шутот на Џердан Шаќири во 94. минута.
Во рулет-пеналите подбор се снајде екипата на … Џорџињо Вајналдум промаши во втората серија во изведувањето на пеналите, а Габриел Жезуз го постигна пеналот за нов трофеј на избраниците на Пеп Гвардиола.
За Манчестер Сити ова е вкупно шести трофеј во Комјунити шилд, а избраниците на Пеп Гвардиола успеаја првпат да го победат тимот на Ливерпул на два натпревари по ред уште од 1937 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА