Ливерпул е подготвен да плати 100 милиони евра за Чуамени!?

Ливерпул и Тотенхем се заинтересирани за Французинот Чуамени. 25-годишниот фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид е мета на двата англиски клуба, објави „Спортс илустрејтид“.

Неговиот договор со „кралскиот клуб“ е со важност до јуни 2028 година, а Реал наводно бара околу 100 милиони евра.

Според последните информации, Ливерпул е подготвен да плати 100 милиони евра за да ги добие неговите услуги. Но, преговорите меѓу двете страни се очекува да се активираат оваа пролет, за кога е најавена и официјалната понуда од „Енфилд“ до Мадрид.

Се вчитува...