Јирген Клоп во клучниот дел од сезоната ќе остане без помошта на еден од клучните фудбалери откако Адам Лалана заработи незгодна повреда за време на квалификацискиот натпревар меѓу Англија и Литванија. Офанзивниот играч за врска ги одигра сите 90 минути и му асистираше на Варди при вториот гол на Англичаните, но по враќањето назад во клубот било утврдено дека тој се здобил со незгодна повреда на мускулот.
Лалана утрово не тренираше со остатокот од тимот, а деталните лекарски прегледи ги потврдија стравувањата на „црвените“ дека повредата не е наивна – станува збор за кинење на мускулот на ногата поради што англискиот репрезентативец ќе паузира еден месец од терените.
Ова е голем проблем за Јирген Клоп пред саботното градско дерби со Евертон, по кое Лалана ќе ги пропушти и дуелите со Бурнемаут, Стоук, ВБА и Кристал палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА