Ливерпул едвај го победи Нотингем, Лестер избега од опасната зона (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул остана во игра за местата кои носат во ЛШ после победата над Нотингем од 3-2. Избраниците на Јирген Клоп се намачија да дојдат до победата, затоа што три пати водеа, двапати Форест ги стигнуваше и им се закануваше да им „украде“ два бода.

Сите пет гола паднаа во вториот дел, а гол серијата ја почна Жота во 47. минута. Четири минути подоцна Вилијамс израмни. Во 55. минута Жота одново прецизен за второ водство на Ливерпул, но и тоа успеа да го анулира Нотингем со гол на Гибс-Вајт во 67. минута. Сепак, Салах во 70. минута успеа да постигне гол и да ја донесе победата на својот тим.

Лестер за момент избегна од опасната зона во Премиерлигата, откако со пресврт го совлада тимот на Вулверхемптон со 2-1. Куња во 13. минута донесе предност, а Ихеаначо во 36. минута од пенал израмни. Кастањ во 75. минута донесе предност и победа за Лестер.

Во опасната зона сега влезе Евертон кој одигра само 0-0 против Кристал Палас. Евертон имаше и среќа затоа што Пикфорд спасуваше бод, со оглед дека Палас имаше играч повеќе и можеше да стигне до победата.

Брентфорд со 2-1 го победи тимот на Астон Вила.  Тони го донесе домашниот тим во предност, а во 88. минута Даглас Луис донесе израмнување и бод за својот тим.

Се вчитува...