Ливерпул го декласираше Хадерсфилд со 5-0 во натпреварот од 36. коло во англиската Премиер-лига. „Црвените“ поведоа со голот на Наби Кеита уште во 15. секунда, а до крајот на првото полувреме ги разјаснија сите дилеми околу победникот, со головите на Садио Мане во 23. минута и Мохамед Салах во судиското надополнување .
Второто полувреме беше само рутина. На 4-0 со вториот гол на мечот зголеми Садио Мане во 66. минута, а Салах кој исто така го постигна својот втор го во 83. минута ги постави конечните 5-0.
Со победата избраниците на Јирген Клоп се вратија на врвот на табелата во Премиер-лигата со 91 бод, пред Манчестер Сити кој има два помалку, но и натпревар помалку кој го игра во недела нагости кај Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА