Фудбалерите на актуелниот шампион на Англија, Ливерпул стигнаа до пет од пет во новата сезона откако денеска во градското дерби славеа на домашен терен против Евертон со 2-1 во меч од 5. коло од новата сезона во Премиерлигата.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Рајан Гравенберх во 10. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 кога Екитике стрелаше прецизно во 29. минута. Во вториот дел гостите стигнаа само до почесен погодок преку Геј во 58. минута (2-1).
Liverpool [2] – 0 Everton – H. Ekitiké 29'
byu/West_Agent4651 insoccer
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

