Англискиот премиерлигаш Ливерпул го испрати голманот Лорис Кариус на детално скенирање на главата кое требаше да утврди дали Германецот имал мал потрес на мозокот. На „Енфилд роуд“ се сомневаат дека токму на ваква состојба на Кариус се должат екстремно лошите реакции на Кариус во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тој прими два неверојатни гола, а Реал Мадрид славеше со 3-1 во финалната пресметка во Киев.
Непосредно пред спорните интеревенции, Кариус имаше судир со капитенот на „кралскиот клуб“, Серхио Рамос, во сопствениот петерец. Германецот се наоѓа на одмор во Соединетите Американски Држави, а таму го изврши деталното скенирање на главата. Скенирањето во Масачусетс покажа дека тој сепак имал мал потрес на мозокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА