Ливерпул го користи финансискиот хаос на Лион

Ливерпул беше премногу „тивок“ на пазарот минатото лето, па „црвените“ имаат доволно простор во буџетот за да се активираат во јануарскиот преоден рок. Последните информации говорат дека англискиот гигант планира да ја искористи големата финансиска криза на Лион и да го купи најголемиот талент на францускиот клуб, 21-годишниот Рајан Шерки.

Станува збор за офанзивен играч за врска кој импресионира со неговата визија на играта и брзината, за Шерки во минатото е интересираа бројни европски гиганти, но сите се откажуваа поради преголемата цена што ја бараше Лион. Сега ситуацијата е сменета, откако францускиот клуб беше казнет со провизорно селење во втората лига, санкција што ќе стане правосилна ако Лион не ги подмири огромните долгови во висина од околу 500 милиони евра.

Поради сето ова, цената на Шерки падна на околу 30 милиони евра, нешто што „црвените“ планираат да го искористат за да го доведат францускиот младински репрезентативец на „Енфилд“. Челниците на Ливерпул планираат дури и понуда од 25 милиони евра, со што што би го оставиле Шерки уште шест месеци на позајмица во Лион, за плејмејкерот летото 2025 официјално да се пресели во Англија.

Се вчитува...