Ливерпул го „краде“ Гакпо пред носот на Манчестер Јунајтед?

Холандскиот репрезентативец Коди Гакпо се наоѓа пред преселба воПремиер-лигата, но не во Манчестер Јунајтед како што беше најавувано, туку во дресот на Ливерпул.

„Црвените ѓаволи“ уште од минатото лето го меркаат капитенот на ПСВ Ајндховен, кого Тен Хаг сега го избра и за идеален наследник на Кристијано Роналдо, но Јунајтед никако не успева да се договори со ПСВ околу висината на отштетата.Според информациите на британски „Тајмс“, Ливерпул ја искористил ситуацијата за да излезе во преден план во трката по Гакпо.

Според овие извори, преговорите се наоѓаат во напредна фаза и трансферот би можел да биде комплетиран до крајот на годинава, за холандскиот ас уште на самиот почеток на јанури да се пресели на „Енфилд“ и да му се стави на располагање на Јирген Клоп. „Црвените“ минатиот јануари на идентичен начин го „украдоа“ Луис Дијаз, кој беше пред потпис со Тотенхем, но во „пет до дванаесет“ се пресели во Ливерпул, а сега се на добар пат истото да го повторат и со Гакпо.

Се вчитува...