Договорот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со клубот од Париз истекува на крајот од сезоната, а за разлика од некои претходни години, се чини дека воопшто нема прашање дали ќе остане на „Паркот на принцовите“.
Реал Мадрид од лето во лето не успева да го ангажира брзоногиот француски репрезентативец, а според „Ле Паризиен“ во трката (повторно) се вклучил и Ливерпул. Во Ливерпул би сакале 25-годишниот Французин да го замени Мохамед Салах кој се преселува во Саудиска Арабија или во САД.
„Ле Паризиен“ пренесува дека менаџерот на англискиот клуб, Јирген Клоп, со години го следи Мбапе, а Килијан го цени тоа, како и дека агресивната тактика на Реал Мадрид при реализација на трансферот била контрапродуктивна. На 1. јануари беше објавено дека кралскиот клуб доставил официјална понуда до францускиот фудбалер и поставил краен рок за донесување одлука – средината на јануари.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, на 22 натпревари во сите натпреварувања постигна 21 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

