Англискиот премиерлигаш Ливерпул сака да ја засили офанзивната линија на тимот со италијанскиот репрезентативец и член на Наполи, Лоренцо Инсиње. Менаџерот Јирген Клоп смета дека тој одлично би се вклопил во неговиот систем на игра и подготвен е да плати 90 милиони евра за да го доведе на „Енфилд Роуд“. Ова е понуда за која „наполитанците“ вреди добро да размислат.
Инсиње има четиригодишен договор со Наполи и клубот има релативно добра преговарачка позиција, но 27 – годишниот фудбалер најави дека би сакал да добие премиерлигашки предизвик во кариерата. Покрај Ливерпул, за Лоренцо Инсиње се интересира и Барселона.
Воедно, „црвените“ покажуваат интерес и за Икер Муниаин, кој на крајот од сезонава станува слободен играч по истекот на договорот со Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА