Јирген Клоп на крајот од сезоната заминува од клупата на Ливерпул. Сето тоа носи сериозен ангажман за раководството на клубот следниве месеци во потрагата по негов наследник.
Добро е познато дека прва желба на „црвените“ е Чаби Алонсо, но добро е познато дека стратегот на Баер Леверкузен е мета и на голем број други големи европски клубови, меѓу кои и Баерн Минхен.
Токму поради тоа, од Ливерпул разгледуваат и други опции за нов менаџер, меѓу кои и 39-годишниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.
Младиот стратег претходно беше на листата кандидати за менаџер и на Челси. Спортинг Лисабон во моментов е на второто место во португалскиот шампионат, а Аморим беше избран за тренер на месец јануари. Скаути на Ливерпул наредниот период ќе ги следат директно игрите на Спортинг, пред да биде донесена конечната одлука на кого ќе се понуди столчето на Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА