Англискиот премиерлигаш Ливерпул најверојатно ќе мора да му дозволи на Фелипе Кутињо да си замине од „Енфилд роуд“ ова лето, но веќе размислува и за неговиот наследник. Со парите од продажбата на Бразилцот, раководството на клубот планира да го купи Томас Лемар, крилниот играч на Монако.
Според францускиот „Л’Екип“, Ливерпул подготвува понуда вредна 95 милиони евра за Лемар. Менаџерот Јирген Клоп верува дека тој одлично би се вклопил во составот на „црвените“ и ќе биде достоен наследник на Кутињо, кој сепак има малку поинаква улога, како класичен плејмејкер во тимот.
За Лемар постои интерес и од Арсенал, Пари Сен Жермен и од Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА